Врз основа на член 18 од Законот за здруженија и фондации (,,Сл.весник на РМ” бр.52/2010), Закон за спорт (Службен весник на Република Македонија бр.29/2002)и Одлуката за основање на Здружението Фудбалски клуб БРЕГАЛНИЦА ГОЛАК, основачкото Собрание на здружението, на седницата одржана на ден 19.07.2013 година го донесе следниов:

С  Т  А  Т  У  Т

на

Здружението Фудбалски клуб БРЕГАЛНИЦА ГОЛАК

Општи одредби

 

Член 1

Здружението Фудбалски клуб БРЕГАЛНИЦА ГОЛАК е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните вредности, зајакнување на меѓуетничките односи и економкси развој на територијата на Р.Македонија и пошироко, а во согласност со Уставот и Законот.

Член 2

Граѓаните се здружуваат во Здружението, заради остварување на поширок заеднички интерес во развојот, унапредувањето и промоцијата на спортот (фудбалот) и спортските активности.

Член 3

ЗдружениетоФудбалски клуб БРЕГАЛНИЦА ГОЛАК, дејствува на територијата наР.Македонија, а се организира за подрачјето на општина Делчево. Здружението во своето дејствување може да се проширува на национално и може да соработува со организации, здруженија, фондации и институции, и да  членува  во  асоцијации во земјата и странство согласно Уставот и Законот на Р.Македонија и овој Статут.

           

Член 4

Здружението како Здружение со своите цели, задачи и дејности ќе ги остварува  во  согласност со односите утврдени со Уставот на Република Македонија, со овој  Статут и Законите на Р Македонија.

Член 5

  • Називот на здружението на граѓани е:

Здружение Фудбалски клуб БРЕГАЛНИЦА ГОЛАК.

  • Скратениот назив на Здружениетое: 

ФК БРЕГАЛНИЦА ГОЛАК.

  • Претежна дејност на здружението е:

Дејности на спортските клубови - 93.12 .

Член 6

Седиштето на здружението е  на Ул. Кеј на ослободување бр.50, воДелчево,  а се организира и делува на подрачјето на општина Делчево, на територијата на Република Македонија и останатите земји.

Член 7

ЗдружениетоФудбалски клуб БРЕГАЛНИЦА ГОЛАК, има својство на правно лице со права обврски и одговорности кои произлегуваат од овој Статут и законските прописи.

Здружението Фудбалски клуб БРЕГАЛНИЦА ГОЛАК  го претставува и застапува Претседателот.

Здружението  има свој печат и штембил.

Печатот е тркалезен и го содржи името на здружението на  македонски  јазик  со кирилично  писмо.

Штембилот на Здружението е правоаголен со следниот текст: ЗдружениеФудбалски клуб БРЕГАЛНИЦА ГОЛАК на  македонски  јазик,  со кирилично  писмо, со место за број и датум.

Цели и задачи на Здружението

Член 8

Граѓаните се здружени  во Здружението заради остварување на поширок заеднички интерес во развојот, унапредувањето и промоцијата на спортот- фудбалот и спортските активности.

Основни цели и задачи на Здружението се:

- развој и унапредување на  спортот-фудбалот и спортските активности;

- организирање и реализација на фудбалски натпревари,

- унапредување, соработка и развој со други фудбалски организации,

- остварување на други цели и задачи кои ќе бидат дополнително определени со плановите за работа на здружението.

Член 9

Здружението со посебна одлука може да формира акционерско друштво, друштво со ограничена одговорност и друг облик, согласно Законот за трговски друштва на Р.Македонија.

Здружението работи врз основа на план и програма за работа.

Член 10

Своите цели и задачи здружението ги остварува преку утврдена Програма за работа, односно преку следниве активности:

  • организирање на конкретни програмски активности;
  • спроведување на заеднички проекти;
  • организирање на фудбалски натпревари и друг вид на активности;
  • поттикнување на иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите на Здружението;
  • врши и други работи предвидени со овој Статут;

Членување

 

Член 11

Член на ЗдружениетоФудбалски клуб БРЕГАЛНИЦА ГОЛАК може да биде секој полнолетен граѓанин,  државјанин на Република Македонија и/или странец, кој доброволно ќе пристапи кон Здружението со давање на писмена изјава.

Малолетно лице со наполнети 14 години се зачленува во здружението со давање на потпишана изјава за согласност на неговиот законски застапник за зачленување, во согласност со Закон.

Зачленувањето на Здружението се врши со пристапница односно со издавање на членска книшка, која при исклучување или престанок на членувањето во Здружението, задолжително се враќа со потпишување на лична писмена изјава.

ЗдружениетоФудбалски клуб БРЕГАЛНИЦА ГОЛАК за своите членови води регистар на членство кој се ажурира еднаш на две години. Податоците од регистарот се заштитени во согласност со прописите за заштита на личните податоци и класифицирани информации.

 

Член 12

Членот има право да бира и да биде биран во органите на Здружението, да учествува во работата на Здружението, да придонесува во развојот, промовирање и популарноста на Здружението, доброволно да се откаже од членувањето, да ги изнесува своите ставови по поставени прашања. Правото да бидат избрани е ограничено само за малолетните членови.

Член 13

Членовите на Здружението се должни:

  • да го почитуваат Статутот,
  • да присуствуваат на состаноците, да доставуваат податоци и извештаи за работата на Здружението во остварувњето на целите на Здружението
  • да земаат активно учество во спроведувањето на Програмата на активностите на Здружението,
  • да ги извршуваат активностите предвидени со Програмата за работа.

Член 14

Членството во Здружението може да престане:

  • по барање на членот на Здружението,
  • ако не го почитува Статутот и обврските кои произлегуваат од него,
  • ако дејствува против целите на Здружението,
  • ако не ја плаќа редовно чланарината,

Одлука за престанок на членството во Здружението донесува Претседателот на Здружението.

Јавноста во работата

Член 15

Работата на ЗдружениетоФудбалски клуб БРЕГАЛНИЦА ГОЛАК е јавна.

Јавноста во работењето се обезбедува со редовно известување (на членовите, други здруженија или пошироката јавност) за работењето и активностите на Здружението, со увид во спроведувањето на програмските задачи, со поднесување  извештај за работа на органите и телата на Здружението, за материјално – финансиско работење  и друго.

За информирање на членовите и пошироката јавност се користи печатени е електронски медиуми, како и таблата за јавно огласување која стои на видно место во просториите на самото здружение.

  Финансирање на здружението

Член 16

Здружението остварува средства од:

  • членарина,
  • донации, доброволни прилози,
  • буџет на РМ и локалните самоуправи,
  •  давање на услуги на други здруженија, организации и институции,
  • провизии од органи, организации,
  • заедници и од други установи,
  • од трговски друштва и други правни лица;
  • од други услуги,
  • од други извори предвидени со Законот и Статутот

Член 17

Користење и располагањето со средствата на Здружението добиени по основите од претходниот член се врши на начин утврден со овој Статут и останатите  законски норми, утврдени со финансискиот план и врз основа на валидни документи.

Член 18

За користење и располагањето со средствата одлучуваат органите на Здружението, согласно надлежносите утврдени со овој Статут, кои преземаат мерки за економско целосообразно користење на средствата и за спречување и отсранување на незаконитостите.

Член 19

Здружението Фудбалски клуб БРЕГАЛНИЦА ГОЛАК донесува годишен финансиски план за приходите и расходите на Здружението.

Финансискиот план може во секое време да се измени.

 

Органи на Здружението

Член  20

Органи на ЗдружениетоФудбалски клуб БРЕГАЛНИЦА ГОЛАК се:

  • Собрание
  • Претседател

Собрание на здружението

Член 21

Собранието е највисок орган на Здружението. Собранието на ЗдружениетоФудбалски клуб БРЕГАЛНИЦА ГОЛАК го сочинуваат сите полнолетни членови на Здружението.

Собранието избира Претседател со мандат од 4 години со право на повторен избор. Претседателот го застапува и претставува Здружението.

Собранието се состанува по потреба, а најмалку еднаш годишно.

 

Член 22

Изборното Собрание се свикува на секои 4 години и конституирањето на органите и телата мора да се изврши 30 дена пред истекот на мандатот на членовите на органите и телата.

Поканата со материјалите за дневен ред во писмена форма се доставуваат најмалку 7 дена пред одржување на седницата.

  

Член 23

На изборното собрание се избира:

  • Работно претседателство од три члена;
  • Записничар;
  • Двајца оверувачи на записникот;
  • Органи на управување на Здружението.

Член 24

Седници на Собрание свикува Претседателот на Собранието по сопствена иницијатива.

Седници на Собранието се свикува и по предлог на 1/5 од вкупниот број членови на Собранието.

Ако претседателот на Собранието во рок од 14 дена од денот на дадениот предлог не свика седница, седницата ја свикуваат иницијаторите.

Начинот на свикување на седниците на Собранието на Здружението се определува со Деловникот за работа на Собранието.

Член 25

Собранието може полноправно да одлучува  ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот број членови.

Собранието по правило одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутните членови.

На собранието се одлучува со јавно гласање, но по потреба и на предлог од 1/3 од членовите / делегатите гласањето може да биде и тајно.

Членовите на Собранието  во секое време треба да ги имаат целите и интересите на Здружението над поединечните или посебните цели на која и да е друга страна.

Член 26

Собранието ги врши следните работи:

  • Донесува Статут на Здружението Фудбалски клуб БРЕГАЛНИЦА ГОЛАК и врши измени и дополнувања на истиот;
  • Усвојува годишен извештај, насоки и план за работа,
  • Усвојува завршна сметка и финансиски план,
  • Одлучува за промена на целта на здружувањето
  • Одлучува за основање и укинување на ограноци и други облици на организирање на здружението
  •  Oдлучува за здружување или разделување од друго здружение и за зачленување во сојузи и меѓународни организации.
  • Констатира прием на нови членови и престанок на членувањето;
  • Избира Претседател на Здружението;
  • Донесува програма за работа на Здружението;
  • Ја следи материјално финансиската состојба на Здружението помеѓу две собранија;
  • Расправа за постигнатите резултати  од развојот на Здружението и дава   насоки за натамошен развој на Здружението;
  • Донесува одлуки, заклучоци, препораки за решавање на прашања од  интерес на Здружението;
  • Одлучува за престанок на здружението со двотретинско мнозинство;
  • Врши и други работи кои произлегуваат од Статутот и законите,

Престанок на Здружението

Член 27

Здружението престанува со работа во следниве случаи:

  • Ако за тоа се изјаснат 2/3 од членовите на Собранието на Здружението;
  • Ако бројот на членовите се намали под бројот определен со Закон за основање на Здружение ;
  • Ако настапат причини утврдени по член 63 од Законот за здруженија  и фондации.

Одлука за престанок на Здружението донесува Собранието со двотретинско мнозинство.

Основачите на здружението ЗдружениетоФудбалски клуб Брегалница Голак-Делчево  имаат право да го укинат здружението.

Член 28

Во случај на престанок на работатата на Здружението, имотот и другите права и приходи што остануваат по намирувањето на обврските, преминуваат во сопственост на организација истоветна на здружението.

Член 29

Доколку неможат да се исполнат условите утврдени во Членот 28, во случај на престанување на работата на здружението неговиот имот преминува во сопственост на Република Македонија.

Преодни и завршни одредби

 

Член 30

Толкување на одредбите на овој Статут  дава Собранието  на Здружението.

Член 31

Измени и дополнување на овој Статут се вршат по иста постапка како и за неговото донесување.

Член 32

Овој Статут  влегува во сила од денот на неговото донесување.

 

Датум и место                   

19.07.2013 година

                                                                       

Здружение Фудбалски клуб

БРЕГАЛНИЦА ГОЛАК

Претседател,  

Манев Иван

primi sui motori con e-max