Во недела 29.09.2013 година со почеток во 15.30 часот на градскиот стадион Гоце Делчев во Делчево се одигра натпреварот помеѓу екипите на ФК Брегалница-Голак Делчево и ФК Карбинци во рамки на 7-мото коло од Третата македонска фудбалска лига, во кој домашната екипа извојува убедлива победа над декласираниот противник од Карбинци.

 

Мартин Гоцевски со два голови и Александар Ѓеоргиевски со еден гол ја ја одбележаа доминацијата во играта на делчевската фурија, во текот на целиот натпревар.

Табелата после 7-мото коло на 3-та македонска фудбалска лига изгледа вака:
1.Беласица - 21 
2.Слога - 21 
3.Баби - 16.
4.Брегалница - 15 
5.Напредок ЗР - 15 
6.Чешиново - 9
7.Осогово - 9
8.Плачковица - 8 
9.Тркање - 6
10.Каменица - 5 
11.Работник Лозово - 4
12.Карбинци - 2 
13.Астибо - 1 
14.Рудар - 2

primi sui motori con e-max