Се известуваат сите љубители на фудбалот и сите навивачи на делчевска Брегалница дека во недела 01.09.2013 година со почеток во 17.00 часот на градскиот стадион "Гоце Делчев" во Делчево ке се одигра третиот првенствен натпревар во рамки на 3-та македонска фудбалска лига-исток помеѓу екипите на ФК "Брегалница Голак" Делчево и ФК "Саса" од Македонска Каменица.

Од страна на управата на делчевскиот клуб се најавува жестока борба за што поголема резултатска предност за домаќините, отворена и атрактивна игра исполнета со многу голови.

Истовремено ги повикуваме секогаш верните "АРАМИИ" да го проследат овој натпревар, со што ке дадат свој белег на овој натпревар, преку своето секогаш неуморно навивање....

primi sui motori con e-max